Ако хотелите со 5 ѕвезди претставуваат врвен лукзус, тогаш овие хотели со 7 ѕвезди ве носат поблиску до рајот.
TOWN house galleria Милано, Италија
Отворен во март 2007, овој прекрасен хотел нуди многу повеќе од луксуз. National geographic traveler го закитува со епитетот Седмо небо. Хотелот е отворен во март 2007 година во Миланската шопинг аркада Galleria Vittorio Emanuele II. Гостите добиваат првокласна услуга, личен батлер и единствен поглед на внатрешноста на аркадата.
Burj Al Arab, Дубаи (ОАЕ)
Една од најпознатите градби во светот и симбол на Дубаи е токму овој хотел со седум ѕвезди. Зданието нуди прекрасен поглед на една од најубавите плажи во светот Jumeirah beach. Burj Al Arab има 205 соби распоредени на 70 катови, а беше отворен за посетители на 1 декември 1999 година.
Emirates Palace, Абу Даби (ОАЕ)
Величенствениот хотел или како што самото име кажува Палата се состои од 302 соби и 92 ултра луксузни апартмани. Врвната услуга и восхитувачкиот поглед на плажата никого нема да го остават рамнодушен.
Morgan Plaza, Пекинг, Кина
Луксузниот Morgan Plaza сега се вика Pangu 7 Star Hotel. Градбата претставува комплекс со повеќе функции. Хотелот Pangu 7 star се наоѓа на првиот блок и е составен од два павилјони, храм, јапонски ресторан и 600 метри долг коридор.