Повеќе од милион туристи летуваат во Хрватска

51

Во моментов во Хрватска престојуваат 1.055.000 туристи, од кои 886.000 се странски и 169.000 домашни туристи, објави хрватското Министерство за туризам и спорт.

Најбројни странски туристи се Германците, од кои во моментов има 257.000 во Хрватска, Словенците (125.000), Полјаците (81.000) и Австријците (68.000).

Најголем број туристи во моментов престојуваат во Истра (271.000), Приморско-горската жупанија (180.000) и Сплитско- далматинска жупанија (170.000).

Фото: Pixabay