Повеќе од половина Хрвати им веруваат на своите шефови

16

boss

Хрватскиот портал МојПосао спроведе истражување во каков однос се вработените со своите претпоставени. Анкетата спроведена на 1.000 испитаници покажа дека повеќе од половина (57%) им веруваат на своите претпоставени. Според возраста, најмногу доверба во претпоставените имаат помладите испитаници. На својот шеф најмногу му веруваат вработени со средна стручна спрема.

Скоро една петтина (18%) својот однос со претпоставениот го опишуваат како искрен, а 17% имаат пријателски однос. “Вештачки” пристоен однос поради зачувување на работното место признаваат 40%. Ладен однос наведуваат 12% испитаници, додека 10% се жалат на непријатен однос. Искрен и пријателски однос испитаниците полесно остваруваат со шеф маж.

Испитаниците сметаат дека типични маани на шефовите се ароганција и преувеличување на грешките. Скоро половината (49%) не одобруваат што шефовите од нив бараат дополнителен ангажман, односно сметаат дека нивниот шеф бара повеќе од она што им стои во описот на работното место.

На прашањето дали го почитуваат својот шеф како експерт во својата област, 49% одговориле потврдно, 51% одговориле негативно.