Повеќе од половина милијарда ноќевања во ЕУ се резервирани преку онлајн платформите

13

Минатата година, гостите резервираа околу 547 милиони ноќевања во земјите на ЕУ преку онлајн платформите Airbnb, Booking, Tripadvisor и Expedia.
Споредено со 2021 година, бројот на резервации е зголемен за половина, а во однос на преткоронавирусна 2019 година за седум отсто, објави Европската статистичка служба Евростат.

Во 2021 година преку гореспоменатите четири платформи се забележани 364 милиони резервации, а во 2020 година 272 милиони. Во годината пред коронавирусот 2019 година имало 512 милиони.

Само во последниот квартал од минатата година, гостите оствариле 97 милиони ноќевања преку онлајн платформите, што е за четвртина повеќе од последниот квартал од претходната година. Споредено со последниот квартал од 2019 година, кога статистичарите пријавиле 88 милиони ноќевања, бројката се зголемила за една десетина.

Фото: Pixabay