Повеќе од половина Романци купуваат онлајн додека се на работа

17

Според истражувањето на онлајн платформата за регрутирање на вработени BestJobs, шест од десет Романци се изјасниле дека барем еднаш месечно купуваат онлајн додека се на работното место. Исто така вработените кои го прават тоа (52%) велат дека трошат околу половина час за секое пребарување на саканиот производ или услуга, пишува Romania Insider.

Повеќето работници кои купуваат онлајн додека се на работа (54%) преферираат тоа да го прават во попладневните часови (15:00-18:00), 19% купуваат наутро (9:00-11:00), додека 15% за време на паузата. Половина од вработените нарачките ги прават преку мобилен телефон, наспроти една третина кои за истата цел го користат компјутерот или лаптопот на работа.

Најмногу се купуваат алишта, чевли и модни додатоци (40%), потоа следува електроника и електрични апарати (33%), IT&C производи (28%), подароци (24,3%), козметика (15,5%), производи за бебиња (9%) и декорации за домот (9,2%).

Еден од пет вработени се изјасниле дека посетуваат онлајн продавници дури и кога немаат намера да купат нешто, а имаат слободно време. Третина од работниците во Романија (33%) ги користат паузите за читање на онлајн статии, а 30% посетуваат социјали медиуми.

Истражувањето беше спроведено во август на 1.302 интернет корисници.