Повеќе се плашат од 5G мрежа одошто од коронавирусот

35

Хрватите повеќе се плашат од 5G мрежата одошто од коронавирусот, покажуваат податоците од истражување спроведено во август, пренесува хрватски Лидер.

Станува збор за седмо по ред истражување за ставовите и однесувањето на граѓаните за услови на пандемија и за дигиталните услуги во Хрватска.

“Покрај стандардните параметри за ставовите кон коронавирусот што се мерат од март, во август дополнително се осврнавме на ставот поврзан со учебната година. Резултатите покажуваат дека само една третина од граѓаните сметаат дека оваа учебна година ќе биде успешно организирана. Податоците од истражувањето за дигиталните услуги покажуваат кои апликации профитирале од пандемијата предизвикана од коронавирусот“, стои во соопштението.

Од јуни е забележан стабилен раст на стравот кај граѓаните од заразување со Ковид-19. По повторното зголемување од бројот на заразени, постепено расте и стравот од зараза (32,4% во август).

Стравот од 5G мрежата е умерен, па една четвртина од граѓаните во него гледаат штетност и опасност по здравјето. Поголемиот дел од испитаниците (59%) сметаат дека 5G мрежата е напредок во технологијата што ќе им го олесни животот и работат, додека една четвртина од граѓаните сметаат дека штетното и опасно зрачење нема да им го подобри животот.

Фото: Freepik