Повеќе се плашат од сиромаштија одошто од пандемијата

35

Германците помалку се плашат од пандемијата, а поголем страв им создаваат економските последици што ги остава, покажува истражување за “германските стравови“.

Од една страна опаѓа стравот поради доселување на мигранти, за Германците најголема опасност и понатаму е американскиот претседател, Доналд Трамп.

Веќе 28 години осигурителната компанија R+V нарачува истражување на јавното мислење за стравовите на Германците, а оваа година, кога светот го зафати пандемија, Германците покажуваат најмалку страв досега, пренесува SeeBiz.

Податоците покажуваат дека тие ги почитуваат правилата, како што е носење на маски, но вистинскиот страв од вирусот е присутен кај мал број испитаници.

Таканаречениот индекс на страв се намали од 39 на 37, што е најниско ниво од почетокот на 90-тите години на минатиот век.

Фото: Pixabay