Според последните податоци на Меѓународниот совет на аеродроми (АЦИ), патничкиот сообраќај во Европа во јули достигна 97 отсто од нивото пред пандемијата, објави Политика, со информација дека, според истиот извор, во споредба со јули 2022 година, таму пораст е и во патничкиот сообраќај од 12,8 отсто.
Аеродромите кои ги надминаа нивоата пред пандемијата се оние во Исланд, Хрватска, Грција, Португалија, Луксембург, Полска, Малта, Кипар, Италија, Шпанија и Ирска.
Од друга страна, аеродромите во Финска, Словенија, Бугарија, Германија и Шведска сè уште се далеку зад резултатите што ги постигнаа пред 2019 година.
Другите аеродроми во Европа главно ги надминаа своите рекордни резултати пред пандемијата, а секаде има пораст на бројот на патници, што покажува дека туризмот генерално закрепнал, пренесува Бизнис рс.
Податоците од Меѓународниот совет на аеродроми покажуваат дека лондонскиот аеродром Хитроу успеа да ја задржи позицијата на најпрометниот во Европа, со само мал пад од 1,2 отсто, приближувајќи се кон целосно закрепнување.
Во исто време, како што пишува „Политика“, Истанбул забележа раст од 16,5 отсто, надминувајќи го нивото на патници пред пандемијата и го обезбеди второто место, додека, од друга страна, значително е намален бројот на патници на аеродромите во Париз, Франкфурт и Амстердам.