Повеќето од богатите Швајцарци го наследиле своето богатство

77

Мнозинството богати Швајцарци го наследиле своето богатство, а само малцинство станало богато независно, покажува најновото истражување.

Само осум отсто од 300-те најбогати Швајцарци сами си го заработиле своето богатство, покажува студијата објавена од Швајцарскиот институт за економски истражувања (KOF), пренесува Swissinfo. Осум од десет богати Швајцарци го наследиле своето богатство, според истражувањето објавено од весникот Zontagscajtung.

Меѓу најбогатите, 90 отсто од нив се мажи, а учеството на жените се намалува. Друго истражување вели дека има голема разлика во висината на наследствата, па така три четвртини од наследниците добиваат не повеќе од 100.000 швајцарски франци, додека само 1,5 отсто од нив наследуваат повеќе од еден милион франци, пренесува Танјуг.