Повик до Германците да презимат во Грција: Овде не ви треба греење во куќата

239

Поради енергетската криза Грција откри нова целна група туристи – „гасни бегалци“ и ги поканува Германците да презимат во таа земја.

Министерот за туризам на Грција, Василис Кикилијас ги повика Германците во текот на зимата да дојдат во Грција, а таму да презимат поради поскапувањето и неизвесноста околу снабдувањето со гас.

„Во текот на есента и зимата, Грците со задоволство би биле домаќини на германските пензионери кои сакаат да доживеат медитеранска зима со добро гостопримство, благо време и висококвалитетни услуги“, изјави Кикилијас за германскиот весник „Билд“.

Градоначалникот на пристанишниот град Канија на островот Крит, Панајотис Симандиракис, исто така ги повика Германците да дојдат и да живеат во Грција „далеку од кризата“.

„Крит е најдобрата дестинација за сите да ја пребродат кризната зима. Не ви треба греење во куќата овде“, рече тој.

Симандиракис заврши со порака дека „ниту еден Германец нема да замрзне во Грција“.