Повик за акција – UNSMOKE your world

43

UNSMOKE your world е кампања којашто претставува повик за акција за сите пушачи, непушачи, регулатори и сите вклучени страни за подобра иднина за 1,1 милијарда пушачи, нивните семејства, пријатели и околината.

Ова беше основната порака на претставникот на Филип Морис Интернешнал испратена на Самитот Македонија 2025.

Пред пет години го стартувавме првиот производ без чад, производ базиран на навистина сериозна наука и технологија, производ којшто навистина има потенцијал да направи разлика во светот, на подобро. Оваа кампања е всушност логично продолжение на обидот за пушачите, секако и непушачите кои се во непосредна близина, но и сите други луѓе кои работат во јавното здравство, регулатори, да бидат на една иста страна, да бидат дел од идејата дека иднината без чад е сосема можна и дека не мора да се постигне само преку старата парадигма што е: Не започнувајте или престанете да пушите. Ние во Филип Морис велиме – Ако не пушите, не започнувајте; ако пушите, откажете се; ако не се откажете, променете. Промената треба да се направи денес, кога имаме можност за алтернатива”, изјави Иван Милетиќ, директор за екстерни прашања за Југоисточна Европа во Филип Морис Интернешнал.

Филип Морис Интернешнал, заедно со повеќе од 400-тина менаџери, претприемачи, членови на академијата, дипломати, високи функционери и успешни млади професионалци, годинава беше дел од осмото издание на самитот Македонија 2025 кој претставува водечка регионална конференција за споделување на последните светски трендови во бизнисот, економијата и технолошките иновации.

Богатата тридневна програма на самитот беше исполнета со работилници за развој на вештини, засебни тематски сесии и повеќе од 10 панел дискусии, а главниот фокус на истата беа две главни теми и тоа Иднината на работните места и вештините и Иновации и нивното влијание врз намалувањето на загадувањето на животната средина и токму на оваа тема Филип Морис ја претстави својата кампања UNSMOKE your world.

Покрај главните две теми, на самитот се дискутираше и за глобалните економски и геополитички трендови, можностите за финансирање на малите и средни претпријатија, семејните бизниси, успешните македонски дигитални платформ компании и други интересни дебати.