Повик за учество на меѓународниот натпревар ‒ Европски квиз на парите

Македонската банкарска асоцијација по шести пат го организира натпреварот “Европски квиз на парите”, којшто е проект на Европската банкарска федерација за финансиска едукација на учениците од тринаесет до петнаесет години. 

Натпреварот се реализира во соработка со Народна банка и Комисија за хартии од вредност и е поддржан од Министерство за образование и наука и Министерство за финансии на Република Северна Македонија.

Во прилог и на следната врска https://mba.mk/w/mk/najava/javen-povik-do-osnovnite-i-do-srednite-uchilishta-vo-republika-severna-makedonija-za-evropski-kviz-na-pari-2024/ е Јавниот повик до основните и до средните училишта во нашата земја за учество на квизот, кој се одвива во две фази – национален натпревар и Европско финале.