Повисоки цени на индустриските производи на домашен пазар во март

16

Според податоците на Државниот завод за статистика, во март 2021 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки за 1,9% на месечно и за 5,1 % на годишно ниво.

Во март 2021, во споредба со февруари 2021 година, продажните цени на производителите на индустриски производи се повисоки во групите Трајни производи за широка потрошувачка за 2,1%, Интермедијарни производи, освен енергија за 2,6%, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,3% и Капитални производи за 0,7%.

Во март 2021, во споредба со март 2020 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Енергија за 14,6%, Трајни производи за широка потрошувачка за 3,3%, Интермедијарни производи, освен енергија за 5,4%, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,8% и Капитални производи 0,3%.

Фото: Pexels