Повисоки продажни цени на индустриските производи во декември

21

Продажните цени на производителите на индустриски производи, во декември лани, се повисоки за 0,8% на месечно ниво, а за 3,1% на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во декември 2020, во споредба со ноември 2020 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1,3%, а во секторот Преработувачка индустрија за 0,7%.

Во декември 2020, во споредба со декември 2019 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 10%, во секторот Преработувачка индустрија за 2,3% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 7,2%.

Фото: Freepik