Повисоки продажните цени на индустриски производи во септември

76

Продажните цени на производителите на индустриски производи, во септември оваа година, се повисоки за 0,2% на месечно ниво, а се пониски за 0,5% на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во септември 2020, во споредба со август 2020, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 1,9% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 2,2%, а во секторот Преработувачка индустрија се пониски за 0,1%.

Во септември 2020, во споредба со септември 2019, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 4,9% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 6,5%, а во секорот Преработувачка индустрија се пониски за 1,3%.

Фото: Freepik