Повисоки продажните цени на индустриските производи во август

50

Продажните цени на производителите на индустриски производи, во август оваа година, се повисоки за 1,1% на месечно ниво, а за 4% на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во август 2019, во споредба со јули 2019 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 1,2%, во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,2%, а во секторот Преработувачка индустрија се повисоки за 1,4%.

Во август 2019, во споредба со август 2018 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 4,2% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1,2%, а во секторот Преработувачка индустрија се повисоки за 5,1%.

Фото: Pixabay