Повлечени 3,4 милиони јапонски возила поради дефект

45

30012013163515_tojotaБројка од 3,39 милиони автомобили од јапонските марки Тојота, Нисан, Хонда и Мазда, се повлекуваат од продажба поради потенцијално неисправно воздушно перниче.

Автомобилите, произведени меѓу 2000 и 2004 година, ќе бидат повлечени ширум светот, поради можноста воздушната перница во нив да не се активира правилно. Сомнежот е дека постои грешка на ниво на системот за надувување, појаснуваат од јапонското министерство за сообраќај.

Со неисправните воздушни перничиња автомобилските компании ги снабдувала иста компанија.

Засега не е јасно од каде е разликата во однос на бројката што ја кажуваат производителите, со оглед на фактот дека министерството оперира со бројка од 2,92 милиони возила.

Портпаролот на Тојота рече дека нивната компанија сама повлекла 1,73 милиони возила – 320.000 во Јапонија, 580.000 во Северна Америка, 490.000 во Европа, како и 340.000 ширум светот.