Повлекувањето на биткоинот од најголемата крипто берза прекинато двапати за 12 часа: Еве за што се работи

73

Binance, најголемата берза за криптовалути во светот, го паузираше повлекувањето на биткоин на платформата, по втор пат за помалку од 12 часа. Компанијата го наведе метежот на блокчејнот предизвикан од големиот обем на трансакции како причина за притискање на копчето за пауза.

– Нашиот тим моментално работи на поправка и ќе ги отвори повторно повлекувањата на биткоин што е можно поскоро – објави компанијата на Твитер.

– Има голем број трансакции од Binance кои сè уште чекаат бидејќи нашите утврдени такси не го предвидеа неодамнешното зголемување на надоместоците за мрежата – се додава.

По два прекини, берзата за криптовалути успеа да се смири и продолжи со повлекување, иако со мали промени.

Според податоците достапни од CrpitoQuant, метежот настанал затоа што платформата имала најголемо нето дневно повлекување биткоин во историјата – нето 175.646 токени.

Важно е да се напомене дека ова не е прв пат Binance да се соочи со ваква ситуација. Во март 2023 година, откако биткоинот падна за околу еден процент на 28.191 долари, Binance ги суспендираше депозитите и повлекувањата поради технолошки проблеми.

Покрај тоа, во декември минатата година, Binance забележа 1,9 милијарди долари повлекувања во текот на 24-часовниот период помеѓу 12-ти и 13-ти декември.