Со исполнување на сите потребни технички предуслови и повторно подигнување на мрежата за прифаќање на Diners картичките на продажните места, Erste Card Љубљана, новиот носител на франшизата на Diners за Словенија, во соработка со своите партнери, овозможи повторно користење на услугите на Diners Club во Словенија.
Со воспоставување на прифатната мрежа им се овозможува користење на овие картици издадени и во други држави. Erste Card на досегашните словенечки членови им понуди нови Diners картички, кои ќе можат да ги користат на сите продажни места во светот.
Во мај месец оваа година, Централната банка на Словенија на бизнисменот Томаж Ловше и неговата компанија Findale, која беше 100% сопственик на Diners Club Словенија им ја одзеде дозволата за вршење на платен промет.