Откако пред две години изгоре до темел во пожар, луксузниот резорт на Ричард Брансон, кој се наоѓа на карипскиот остров Некер е повторно отворен за гости.
Секоја од осумте гостински кабини има свој балкон, мастер кревет и сопствена бања.
Мастер апартманот се простира на површина од 140 метри квадратни и нуди прекрасен панорамски поглед на тропскиот остров, џакузи за двајца и кујна.
Во секоја од шесте индивидуални кабини на островот, како и во Големата Куќа, можат да се сместат до 30 возрасни и шест деца. Цената да се изнајми апартман за една вечер на овој прекрасен остров е 60.000 долари.