Повторно промени во листата на милијардери

81
Business man counting dollar banknote - online business concept

Сопственикот на технолошката корпорација Мета Марк Цукерберг се искачи на најновата листа на милијардери на Блумберг за да го заземе третото место, додека сопственикот на корпорацијата за луксузни стоки LVMH Бернард Арно падна на четвртата позиција.

Според извештаите, богатството на Цукерберг се зголемило за 4,32 милијарди долари до 188 милијарди долари од последното мерење, а од почетокот на годината неговата пазарна вредност е зголемена за 59,5 милијарди долари.

И богатството на Бернард Арно се зголеми од последното мерење, но „само“ за 884 милиони долари до 185 милијарди долари.

Податоците покажуваат дека имотот на Арно е намален за 23 милијарди долари од почетокот на годината.

Најбогат човек на светот и натаму е сопственикот на компаниите X и Tesla, американскиот претприемач Илон Маск, кој има имот од 235 милијарди долари, а зад него е основачот на компанијата Amazon, Џеф Безос, со богатство од 193 милијарди долари.

Во првите десет се и ко-основачот на Мајкрософт Бил Гејтс, поранешниот шеф на Оракл Лери Елисон, ко-основачот на Гугл Лери Пејџ, поранешниот директор на Мајкрософт Стив Балмер, вториот ко-основач на Гугл Сергеј Брин и инвеститорот Ворен Бафет.