Уште еден брод на компанијата Евергрин се насука.
Една година откако џиновски контејнерски брод се заглави во Суецкиот канал и речиси една недела беше заглавен на главната поморска рута, попречувајќи ја глобалната трговија, друг брод на оваа компанија се насука, но овој пат во САД.
Бродот Ever Forward плови под знамето на Хонг Конг, а остана блокиран откако во неделата вечер исплови од пристаништето Балтимор, според картата на неговото движење објавена од Bloomberg. Бродот долг 334 метри бил на пат кон Норфолк, Вирџинија, кога се заглавил во заливот Чесапик.
„Позицијата на бродот не ги спречува другите пловни објекти да се приближат до пристаништето во Балтимор“, изјави во изјавата извршниот директор на администрацијата на пристаништето во Мериленд, Вилијам П. Дојл, пренесува Biznis.rs. „Од синоќа се водат напори за ослободување на бродот и ќе продолжат и денеска. Крајбрежната стража ја следи ситуацијата.
Евергрин организираше нуркачи да го проверат бродот за каква било штета и учествува во координирани напори бродот да се врати на вода што е можно поскоро, соопшти компанијата.