
Се проценува дека пожарите, кои летово ги зафатија бреговите од Грција до Шпанија, досега ја чинеа Европа 4,1 милијарди евра, пишува Wionews.
Според податоците на Европскиот информациски систем за шумски пожари, околу 400.000 хектари се зафатени од пожар, ширум континентот.
Меѓу најтешко погодените земји е Грција. Се проценува дека пожарите ќе ја чинат земјата 1,66 милијарди евра и дека до 30 август се оштетени над 161.000 хектари.
Според порталот, ова е еден од најтешките пожари што ја зафатија земјата во изминатите 16 години. Штетата во Шпанија е проценета на 871 милион евра, а оштетени се 84.315 хектари земјиште.
Пожарите имаа широк спектар на влијанија врз земјите, од туризам до земјоделство.











