Позитивни особини што може да ѝ наштетат на вашата кариера

59

uspeh

Фото: Pixabay

Поголемиот дел од времето го поминувате на работа опкружени со колеги кои најчесто ги сметате за пријатели. Сакајќи да оставите добар впечаток врз колегите може да случи некои позитивни особини да не ги доживуваат како такви и тоа штетно да влијае на кариерата. Што правите погрешно и како да го смените однесувањето, според Business Insider, треба да обрнете внимание на следниве работи.

Останување на работа до доцна

Во секоја компанија постои личност која секогаш последна си заминува од канцеларија. Можеби сметате дека тоа изгледа добро во очите на шефот и колегите, но ефектот е сосема спротивен. Тие не сметаат дека останувањето во канцеларија до доцните часови ќе им донесе унапредување. Ако работите до доцна на проект сличен со проект на ваш колега, а тој го завршил, останатите ќе сметаат дека немате способност за управување со времето и дека сте бавен работник. Затоа, работете до доцна во канцеларија само ако е тоа неопходно.

Мултитаскинг

Кога ќе го поделите вашето внимание на извршување на повеќе задачи одеднаш ја жртвувате ефикасноста и точноста. Бидејќи работите на повеќе задачи истовремено, потребно ќе ви биде повеќе време за завршување на една задача, а најчесто се прават и грешки. Шефот можеби ви доделил четири задачи што треба да ги завршите за еден ден, но тие сакаат да посветите подеднакво внимание на секоја од нив. Наместо да започнете да работите на сите задачи одеднаш, започнете од завршување на најтешката задача.

Популарен/а

Можеби сте личност која кога ќе влезе во канцеларија разговара со секој колега на различни теми и важите за популарна личност. Но, внимавајте бидејќи размената на важни деловни податоци или пренесување на информации од личниот живот на колегите може да ѝ наштети на вашата кариера.