
Вкупните средства на останатите финансиски институции (ОФИ), во првиот квартал на 2025 година изнесуваат 265.616 милиони денари и се зголемени за 10.509 милиони денари, на квартално ниво. Останатите финансиски институции учествуваат со 21,9% во средствата на финансиските институции. Анализирано по потсектори, пензиските фондови имаат најголемо учество од 64,0% во вкупните средства на ОФИ, а по нив следуваат осигурителните друштва со учество од 15,3%.
Најголемиот дел од средствата на ОФИ се вложувањата во должнички и сопственички хартии од вредност (учество од 51,9% и 25,2%, соодветно), додека на страната на обврските, најголем дел се однесува на техничките резерви на осигурувањето и на капиталните сметки (учество од 53,0% и 37,0%, соодветно).
Најновото соопштение за позначајните движења кај ОФИ е достапно на следната врска:
https://www.nbrm.mk/content/statistika/Soopstenija/OFI/2025/Soopstenie_za_pecat_OFI_Q1_2025_mk.pdf