Познат инвеститор од Волстрит предупредува на неизбежно сценарио: „Ќе имаме нов скок на инфлацијата“

123

Познатиот инвеститор на Волстрит и основач на фондот „Scion Capital“, Мајкл Бери, попознат како „Big Short“, предупреди дека САД се во рецесија по секоја дефиниција и дека Американците се пред нов скок на инфлацијата.

Иако американската инфлација го достигна врвот, најверојатно таа повторно ќе се зголеми, како резултат на одговорот на владините стимулации.

– Америка е во рецесија по сите дефиниции, рече Бери.

Бери на Твитер изјави – „ФЕД ќе скрати, владата ќе стимулира“. „И ќе имаме уште еден скок на инфлацијата“, рече Бери, кој во септември предупреди на уште поболен период за берзата, со порака „сè уште не сме го допреле дното“.

Претседателот на Федералните резерви Џером Пауел минатиот месец изјави дека централната банка не е блиску до завршување на кампањата против инфлацијата откако ја зголеми референтната стапка за 50 базични поени.