Позната тенисерка донира 35 респиратори за Србија

108

Познатата српска тенисерка, Ана Ивановиќ, учествувала во набавка на 35 респиратори за граѓаните на Србија. Како што дознава српски Курир, Ивановиќ дала финансиска поддршка, но и се “заложила“ преку свои контакти за набавка на овие апарати што се неопходни во борбата против коронавирусот.

Неколку компании и Ивановиќ обезбедија поголем износ на финансиски средства со коишто се нарачани 35 респиратори за потребите на медицинскиот систем на Србија.

Сето тоа е направено под капата на UNICEF, чиј амбасадор веќе со години е Ивановиќ. Оваа светска организација нарачала вкупно 50 респиратори за Србија.

Фото: Facebook