Познатата германска катедрала ќе наплаќа влез

Келнската катедрала ќе почне да им наплаќа на туристите 12 евра од јули, објави во вторник култната знаменитост во западна Германија. Катедралата објави дека приходите од новата такса ќе се користат за одржување на црквата. Тоа е зграда со две кули што датираат од 13 век.

Влезот во готската катедрала моментално е бесплатен, но  ќе се наплаќа такса за оние кои сакаат да се искачат на една од кулите. Оние кои доаѓаат да се помолат и влегуваат низ северната врата ќе бидат ослободени од плаќање влезница, според катедралата.

Католичката катедрала во центарот на Келн, сместена веднаш до реката Рајна и главната железничка станица, е една од најпосетуваните знаменитости во Германија, привлекувајќи шест милиони посетители секоја година.
Фото: Pixabay