Познатиот економист не се откажува: „Некои се богати само затоа што имале среќа, наметнете им данок од 70%“

196

Добитникот на Нобеловата награда за економија Џозеф Штиглиц ги повика светските лидери да воведат даночна стапка од 70 отсто за нивните најбогати граѓани и да земат дел од наследеното богатство. Штиглиц тврди дека повеќето од милијардерите на планетата се збогатиле на сметка на среќата.

Таквата висока стапка на оданочување „би имала смисла“, изјави тој неодамна за подкастот „Equals“ на Оксфам.

„Луѓето на врвот може да работат малку помалку ако ги оданочите повеќе“. Но, од друга страна, нашето општество има корист од порамноправно, кохезивно општество“, тврди тој.

Штиглиц, поранешен главен економист во Светската банка, ја доби Нобеловата награда за економија во 2001 година за неговиот придонес во теоријата на информациска асиметрија или како луѓето донесуваат одлуки кога едната страна е помалку информирана од другата.

Штиглиц во последниве години промовираше повисоки давачки за корпоративниот профит и милијардери и ги поддржа повиците на американскиот претседател Џо Бајден за глобална минимална стапка на корпоративниот данок.

Во своето интервју за Оксфам, Штиглиц се залагаше и за даноци на наследеното богатство.

„Ние треба да го оданочуваме богатството со повисока стапка бидејќи многу богатство е наследено богатство, на пример – младите Волмартс го наследија своето богатство“, рече тој.

„Еден од моите пријатели ги опишува како добитници на лотарија – тие ги избрале вистинските родители. Мислам дека треба да сфатиме дека повеќето милијардери добија многу од своето богатство затоа што имаа среќа“.

Противниците на данокот на наследство, сепак, тврдат дека тоа е двојно оданочување на богатството на починато лице и ги охрабрува богатите да го преселат своето богатство на офшор.