Познато е каде е откриено наоѓалиште со злато – Oпштина во југоисточна Србија ќе процвета

1808

Откако српскиот претседател Александар Вучиќ во средината на декември соопшти дека е пронајдено големо наоѓалиште на злато во „сиромашна општина на југоистокот од земјата“, компанијата Dundee Precious Metals (DPM) пред неколку дена официјално објави дека злато и бакар „помеѓу другите висококвалитетни примероци“ се пронајдени во близина на нивниот проект Timok Gold на локацијата Чока Ракитa (Хомоље, општина Жагубица), пишува Nedeljnik.

Чока Ракита се наоѓа на три километри југоисточно од проектот Timok Gold, а на длабочина од 517 метри пронајдени се 63,46 грама злато на тон и 0,11 отсто бакар, се наведува во соопштението.

„Прелиминарните металуршки испитувања покажуваат дека екстракцијата на злато е поголема од 93%. Дополнителни тестови се закажани за 2023 година“, велат аналитичарите на Stifel.

Дупчењето, се додава, е извршено во четвртиот квартал од 2022 година. Во исто време, аналитичарите на Canaccord Genuity изјавија дека „работите стануваат многу слатки во Чока Ракита“, додава Недељник.

Како што објавија медиумите во средината на декември, претседателот Вучиќ објави дека во Србија се откриени наоѓалишта на злато и калциум карбонат. На почетокот на јануари тој додаде дека локацијата се наоѓа во еден од најсиромашните делови на Србија.

„За едното се знае дека е во Гаџин Хан, а јас чекам дозвола да кажам каде точно е другото“, рече Вучиќ, но и додаде дека оваа општина „буквално ќе процвета“ и дека таму е најдено „многу повеќе злато отколку што имаме во рудникот Чукар Пека“.

„Да барав подобра општина немаше да ја најдам. Тоа е југоисточниот дел на Србија. Таа општина ќе процвета“, заклучи претседателот на Србија.