Познато е кога ќе се појави сликата на кралот Чарлс III на британските банкноти

84

Се очекува британската валута со кралот Чарлс III да стапи во оптек до средината на 2024 година, се вели во соопштението на Банката на Англија, иако портретот на кралот што ќе биде прикажан на банкнотите ќе биде претставен до крајот на оваа година.

Чарлс ќе се појави на четири банкноти од 5, 10, 20 и 50 фунти, и нема да има никакви промени на тие банкноти освен замена на ликот на кралицата Елизабета Втора со Чарлс, се вели во соопштението на банката.

Сликата на Елизабета нема да исчезне од валутата преку ноќ. Имено, во согласност со упатствата на кралското семејство за „намалување на еколошките и финансиските влијанија од промената на монархот“, банкнотите со ликот на Елизабета на нив ќе бидат отстранети од оптек само доколку се „истрошени или оштетени“, соопшти банката.