Prada отвори втора слаткарница во Милано по 190 години

53

prada-marchesi-pasticceria-Via_Monte_Napoleone_1-800x533Луксузниот бренд Prada ја отвори својата втора слаткарница во италијанскиот град Милано, на познатата улица Via Monte Napoleone, пишува Pursuitist.

Pasticceria Marchesi е поголема од првата слаткарница од овој бренд, што беше изградена во далечната 1824 година.

prada-marchesi-pasticceria-Via_Monte_Napoleone

Просторот наменет за седење се наоѓа во задниот дел, а тука посетителите можат да се опуштат во комфорот и да уживаат во извонредните слатки. Столчињата се од свила во зелена боја, а масите со сјајна мермерна површина.

Подовите се декорирани со камен во нијанса на чоколада, а ѕидовите се изработени од minty мермер.

prada-marchesi-pasticceria-Via_Monte_Napoleone_3-800x533

Слатките деликатеси се сместени во дрвено – стаклени кабинети што ја доближува слаткарницата до светот на модата.

Тука слатките се прават на традиционален начин, рачно со употреба на едноставни и свежи состојки.

COVA IN VIA MONTE NAPOLEONE