Практични деловни совети што важат за сите

38

globus

Фото: Pixabay

Животот е проследен со подеми, падови и неочекувани пресврти. Успехот не доаѓа така лесно, а ако сте невнимателни, можете брзо да се најдете на дното.

Еве неколку совети кои ќе ви помогнат во тешките ситуации.

Бидете љубопитни

Бидете љубопитни, не ја гаснете жедта за знаење и постојано прашувајте. Никогаш не се знае што корисно можете да научите, затоа потрудете се да бидете информирани за сè. Ако сте во можност, запишете ја информацијата некаде, не би сакале да заборавите нешто што може да ви се најде во иднина.

Секое работно место ново искуство

Според Harvard Business Review, жените се пријавуваат само за оние работни места што ги задоволуваат целосно нивните услови, додека пак на мажите им е доволно половина од тоа. Сепак, пред да ја добиете работата што ја сакате треба да соберете одредено искуство и од оние места што мислите дека не се доволно добри за вас.

Деловен пријател

Ако спортувате вашиот пријател е секогаш тука да ви даде поддршка да не се откажете, зошто истото да не важи и на работното место? Сигурно постои некој кој може добро да влијае на вас, да ве мотивира, да ви помогне да бидете подобри, некој кој ќе биде тука за разговор и помош кога ќе ви затреба. Деловниот пријател е повеќе од добар колега.

Слободно кажете не

Иако е важно да му/и покажете на вашиот шеф/ца дека немате ништо против продолжено работно време и повеќе задачи, сепак мора да постои некоја граница. Не смеете да се навикнете постојано да кажувате “да“. Понекогаш е добро и да одбиете некоја задача или обврска, доколку почувствувате дека малку повеќе го жртвувате вашиот приватен живот и семејството. За добро да функционираат тие два сегменти од животот потребен е баланс.