Фото: Pixabay
Практикантството претставува солиден начин за младите кои го завршуваат своето образование, да стекнат искуство во компании во коишто одблизу ќе се запознаат со работата. Од друга страна, за компаниите е добра можност за избор на соодветен млад кадар, во којшто може да вложува во негово знаење и искуство.
Порталот Glassdoor неодамна направи листа на којашто се најдоа 25 компании што нудат највисок износ за практиканти. Речиси половина од компаниите се од ИТ секторот, по нив следат финансиските и консултантските компании.
Подолу листата на најплатена пракса во САД:
Facebook – 8.000 долари просечна месечна исплата
Amazon – 7.725 долари
Salesforce – 7.667 долари
Google -7.500 долари
Microsoft – 7.250 долари
Uber – 7.167 долари
Bloomberg L.P – 7.000 долари
Capital One – 7.000 долари
Apple – 6.667 долари
Bank of America – 5.833 долари
Ј.P Morgan – 5.667 долари
Последните три од овие 25 компании се:
Genentech – 4.500 долари
Dell – 4.333 долари
Boeing – 4.167 долари