Практикантство во Алкалоид – започнете ја кариерата во една од најдобрите фармацевтски компании

144

Фармацевтската компанија Алкалоид организира програма за практикантство и ги повикува младите луѓе да ја започнат кариерата во една од најдобрите фармацевтски компании во Југоисточна Европа кои сакаат да бидат дел од програмата за млади таленти.

“Нашата програма вклучува: два месеци практикантска работа и следење обуки за меки вештини; учество во секојдневни работни активности според однапред дефиниран развоен план и учење од врвни професионалци како и можност за идно вработување“, порачуваат од Алкалоид.

Апликациите со кратка биографија и мотивациско писмо може да се испратат на intern@Alkaloid.com.mk најдоцна до четврти април оваа година.

Изборот на најмалку 30 практиканти ќе биде спроведен во април и мај оваа година преку процес на селекција, проследен со тестирања и интервјуа.

Фото: Facebook