Прашања што секој претприемач треба да знае да ги одговори

pretpriemac

Ако сте претприемач сигурно имате некоја одлична идеја и добар план да ја претворите таа идеја во успешен бизнис. Но, секогаш се поставува прашањето како ќе им покажете на инвеститорите дека вашата идеја ќе биде профитабилна за нив.

Затоа, потребно е да ја завршите “домашната задача“ за да можете да одговорите на сите прашања што ќе ви бидат поставени од инвеститорите (деловни партнери, банки, потенцијални клиенти…) кога ќе ја претставувате вашата бизнис идеја.

Дури и да немате искуство во јавно говорење, ако знаете да ги одговорите најчесто поставуваните прашања ќе стекнете доверба. Кога ќе бидете добро подготвени со вашата тема и она што инвеститорите и другите субјекти сакаат да го знаат, вие ќе бидете посамуверени и разговорот со нив ќе биде попријатен.

pari

Каков проблем вашиот производ или услуга решава

Вашата бизнис идеја може да биде импресивна, но ако не решава проблеми на другите никој нема да ја прифати и секако инвеститорите не би сакале да инвестираат. За да ја покажете потребата од вашиот производ или услуга ќе мора да направите истражување на пазарот, вклучувајќи што е можно повеќе испитаници дали имаат потреба од вашиот производ и дали би го купиле. Колку повеќе податоци соберете, толку поголем кредибилитет ќе добиете.  Исто така, може да побарате и професионална помош во спроведувањето на анкетата и прашањата за фокус групата, пишува Entrepreneur.

Колкав е вашиот пазар

Следно прашање на кое ќе треба да дадете одговор е големината на пазарот за вашиот производ или услуга. Тука треба да бидете јасни и концизни. Кога се говори за големината на пазарот потребно е да бидете конкретни за пазарот кон кој целите (возраст, психологија на потрошувач…).

Како ќе заработувате пари, сега и во иднина

Имате производ или услуга што решава проблеми за голем пазар. Но, се поставува прашањето како ќе заработувате. Тогаш не е доволно само да се каже “Од продавање на мојот производ“, туку треба да понудите цифри. Треба да знаете колку ќе чини производството, колкав е маркетинг буџетот, колкава продажба очекувате во првиот квартал од годината, кога очекувате да остварите профит. Можеби ќе ги немате испланирано следните 10 години, но ќе треба да зборите самоуверено за тоа.

Фото: Pexels