Прашања што треба да ги одговорите пред да земете кредит за бизнис

76

Фото: Pixabay

Многу е важно пред да се одлучите да земете кредит за бизнисот, да си поставите неколку клучни прашања. Искрено одговорете и ќе дознаете каков чекор треба да преземете.

Дали навистина ми треба кредит?

Прво запрашјте се дали е неопходно да подигнете кредит за вашиот бизнис или старт – ап. Никогаш не смеете тоа да го направите само за да биде направено. Треба да имате вистинска причина за земање на заем. Доколку немате друга опција, тогаш одлучете се за кредит.

Колку пари ми требаат и зошто?

Добро погледнете го бизнис планот и секој аспект во него. Тој ќе ви “покаже“ колку пари ви требаат и зошто. Заемодавачите ќе сакаат да погледнат како планирате да ги вратите парите пред да ви до одобрат кредитот.

Како вид на кредит најмногу ми одговара?

Во рамки на кредитите за компании постојат повеќе видови: кредити за сезонски залихи, кредитни линии, долгорочни кредити, хипотекарни кредити и др. На вас останува да направите проценка и паметно да одберете.

Колку брзо ми треба кредитот?

Доколку можете да почекате малку подолго време, можно е да добиете повеќе опции и подобри услови за кредит. Но, доколку природата на бизнисот не го дозволува тоа постојат и инстант кредити. Сепак, не заборавајте да ја проверите детално нивната понуда.

Дали должам и на некој друг?

Не е паметно да се задолжувате на повеќе места, а доколку веќе имате долгови, малку потешко ќе биде да земете кредит за стартување на бизнисот. Во секој случај, доколку ви биде одобрен пожелно е прво да ги исплатите сумите што ги должите, а потоа да вложувате во друго.