Американската компанија Gilded Age Greetings која се занимава со производство на луксузни честитки, ја претстави најскапата Божиќна честитка која чини 10.000 долари.
Она што ј прави оваа честитка толку посебна и скапа е фактот дека истата е изработена од германска кожа, која е декорирана со 23 каратно злато и рубини. Секоја честитка од оваа компанија е уникатно ремек дело со својот дизајн и е совршен луксузен празничен подарок.
Божиќните честитки за кои е потребно повеќе од еден месец за изработка, се прават рачно со дизајни отсликани на кожа и пергамент. За честитката да биде уште пооригинална клиентите имаат опција да го додадат својот потпис.
Честитките доаѓаат во кожна кутија која исто така е изработена според желбите на купувачите.