Оне.Вип со задоволство најавува уште една атрактивна промоција овој пат во рамките на ОНЕ брендот. Со новата празнична понуда корисниците можат да одберат кој било пакет од тарифните модели во фиксниот сегмент со две или три услуги или која било поединечна услуга за фиксен интернет, Бум ТВ или фиксна телефонија и да добијат единствената можност за три месеци без претплата.
Со оваа најнова промоција со три месеци без претплата корисниците можат да го изберат и пакетот Смарт Л со кој добиваат неограничени бесплатни минути кон сите корисници на ОНЕ тарифните модели во мобилната и фиксната телефонија, неограничен интернет сообраќај, 2 Бум ТВ уреди со избор на телевизиски канали кои ги вклучуваат и атрактивниот ХБО пакет како и трите телевизиски канали на Спорт Клуб.
Понудата е достапна за сите постоечки и нови приватни и бизнис корисници за обнова на договор или со договор склучен на 24 месеци и тоа за тарифните модели од СМАРТ портфолиото со кое корисниците добиваат и до 3 Бум ТВ уреди, за сите Бум ТВ тарифни модели и за фиксна телефонска линија Фикс С при што корисникот исто така добива три фактури без претплата.