Предизвик во бизнисот во Македонија е да се создадат добри менаџери

23

naslovna

“Често слушаме за предизвиците со кои се соочува македонската економија, Всушност, токму поради таквите предизвици USAID го помогна основањето на CEED. Но вечерва сакам да се фокусираме на добрите работи. Да се фокусираме на Вас и Вашите компании. Добивањето на обуката што ви е потребна вам и вашите вработени, за да успеете во денешната економија, треба да се гледа како мудра, долгорочна инвестиција, а не како краткорочен трошок”, изјави заменик шефот на мисијата на Амбасадата на САД во Р. Македонија, г-дин Бартон Ј. Путни, на настанот што вчера го организираше Центарот за развој на претприемачи и менаџери CEED Македонија, по повод своето ребрендирање и промоција на новите генерации менаџерски програми.

Освен што беа промовирани новите програми, пред преполна сала бизнисмени беа доделени сертификати и благодарници на околу 300 претприемачи, менаџери и ментори кои изминатата година беа дел од програмите на CEED Македонија. Една третина од нив, сопственици на микро и мали бизниси во Македонија, добија признание за успешното завршување на обуките што ги спроведе CEED Македонија со поддршка на Проектот на USAID за микро и мали претпријатија. Со применување на тоа што ги имаат научено на обуките, учесниците во овие програми веќе креираа повеќе од 50 нови работни места со полно работно време и над 60 работни места на определено време.

CEED преку меѓусебно поврзување на учесниците со менторите и со претпримачи кои можат да им помогнат во бизнисот и со тоа што на претприемачите им обезбедува know-how бизнис решенија преку своите програми, но и пристап до финансии и до нови пазари, игра важна улога во создавањето на успешни бизнис приказни. Но патот до успехот не е лесен.

1

“Пред нас се уште имаме предизвици, да го развиваме она што е многу важно, а тоа е менаџментот. Според мене предизвикот во бизнисот и претприемништвото денес во Македонија, но и во сите земји каде што е присутен CEED, не е да најдеме добри вработени, туку да создадеме добри менаџери кои ќе ги најдат добрите вработени и ќе ги развиваат. Предизвикот не е да креираме добар систем со процеси и процедури за работа, туку да имаме менаџери кои тој систем ќе го одржуваат во живот. Македонија има менаџерска криза. Во Македонија нема доволно менаџери, а нашите фирми не знаат како да ги создадат. Според мене ова е пострашно од светската криза. Мисијата на CEED е да им помогнеме на претпримечите како да продолжат да бидат успешни, како претприемачи, потоа во некоја следна фаза како менаџери и се надевам како советници во бизнисот”, изјави г-дин Јован Маџовски, регионален менаџер на CEED за Македонија, Албанија, БиХ, Србија и Молдавија.

Сето ова се случуваше под покровителство на Даталаб МК, како генерален спонзор, Прилепска пиварница како спонзор на CEED клубот, потоа Прокредит банка и Порше Македонија.

CEED Македонија е дел од меѓународна мрежа на претприемачки центри кои освен во Македонија, функционираат и во Србија, Бугарија, Косово, Албанија, Словенија, Романија, Црна Гора, Полска, Босна и Херцеговина, Ерменија, Молдавија, Бангладеш, САД. До сега, на глобално ниво во програмите на CEED учествувале 21.000 претприемачи и бизнис поддржувачи. CEED има инвестирано седум милиони долари за претприемачите во мрежата, има 500 активни членови и 1.100 остварени менторски средби во целиот свет.

3

2

sp1

sp2

sp3

2

3

6

7

4