Предлог за гувернер на Народната банка денеска во Собранието

Претседателката на државата денес треба да достави до Собранието предлог за нов гувернерна Народната банка, за кој, според најавите, ќе се одлучува утре на пленарна седница.

Мандатот на сегашната гувернерка Анита Ангеловска Бежоска, која стапи на должност на 22 мај 2018 година, завршува на 21 мај.

“Има неколку кандидати и најважно е да не дојде до тоа да не биде избран кандидат”, изјави претседателката Гордана Сиљановска Давкова минатата недела, најавувајќи дека денес ќе го достави предлогот за наследник на Ангеловска-Бежовска.

Пред Ангеловска Бежоска, функцијата управител на централната банка ја вршеа Димитар Богов (2011-2018), Петар Гошев (2004-2011), Љубе Трпески (1997-2004) и Борко Станоевски (1986-1997).