Предложена дивиденда за акционерите на Заваровалница Триглав

48

triglav-osiguranjeНадзорниот одбор на Заваровалница Триглав на седницата одржана на 29.03.2018 го прифати редовниот годишен извештај за Групацијата Триглав и за матичното друштво за 2017 година. Надзорниот одбор го прифати и предлогот од Управата за измена на политиката за управување со капиталот на Групацијата Триглав и измените во дивидендната политика како нејзин дел.

Предлогот за висина на дивидендата за 2017 година според тоа е прилагоден и претставува основа за идно одржливо спроведување на дивидендната политика на Заваровалница Трилгав. Надзорниот одбор и управата на Собранието на акционери ќе предложат, дел од нето добивката во висина од 56.837.870,00 евра, да се употреби за исплата на дивиденда, што претставува 82% од консолидираната нето добивка за 2017 година. Предложената висина за исплата на дивиденда по акција за 2017 година е 2,50 евра бруто по акција.

Заваровалница Триглав имплементира атрактивна и одржлива дивидендна политика. Уделот на консолидираната нето добивка од претходната година, наменет за исплата на дивиденда,  изнесува најмалку 50%, а притоа Заваровалница ќе настојува на акционерите да им исплати дивиденда која што не е пониска од дивидендата исплатена минатата година.

Како и до сега, така и во иднина имплементацијата на дивидендната политика ќе биде подредена на среднорочното одржливо остварување на целната адекватност на капиталот на Групацијата Трилгав. Предлогот на управата и на Надзорниот одбор во врска со годинешната поделба на нето добивка на Заваровалница подеднакво зема во предвид три цели: добро обмислено управување со капиталот на Групацијата Триглав и обезбедување на финансиска стабилност, реинвестирање на нето добивката во спроведување на стратегијата за раст и развој на Групацијата Триглав и исплата на атрактивна дивиденда на акционерите.

Врз основа на стекнатите искуства, применетите решенија во европскиот сектор на осигурување и очекувањата во врска со развојот на законодавството во доменот на Солвентност II, Заваровалница Триглав ја надополнува политиката за управување со капитал на Групацијата Триглав. Целниот профил на ризик на Групацијата останува неизменет, но делумно се менува методологијата на пресметка на адекватност на капиталот на Групацијата, со што се менува и нејзиниот целен опсег. Целната адекватност на капиталот на Групацијата Триглав е одредена помеѓу 200 и 250% (според претходната методологија на пресметка изнесуваше помеѓу 250 и 300%) и останува една од повисоките во европскиот осигурителен сектор.

Заваровалница Триглав оценува дека адекватноста на капиталот на Групацијата Триглав, пресметана во согласност со новата методологија за состојба при крај на 2017 година се движи во целен опсег помеѓу 200 и 250%. Повеќе информации за профилот на ризик, адекватноста на капитал и измените во методологијата за пресметка, ќе бидат достапни во извештаите за солвентност и финансиката положба на Заваровалница Триглав и Групацијата Триглав за 2017 година, кои ќе бидат објавени во законскиот рок до 06.05.2018.