Предложено е ликовите на креаторите на вакцината BioNTech да бидат на банкнотите на еврото

118

Германскиот европратеник од Слободните демократи (ФДП) Мориц Корнер предложи ликовите на креаторите на вакцината против коронавирус Pfizer/BioNTech да бидат на банкнотите на евра.

Станува збор за Угур Шахин и Озлем Туречи, чија германска компанија BioNTech ја разви оваа вакцина, а ја произведува во соработка со Pfizer. Европската централна банка (ЕЦБ) доби предлози за тоа како треба да изгледаат банкнотите во иднина. Корнер, зборувајќи за Die Welt за тоа зошто нивните ликови треба да бидат на еврото, истакна дека нивната вакцина ги спаси животите на милиони Европејци.

Како што рече, нивното животно патување е импресивна приказна за интеграција, напредок, партнерство, научна извонредност и потенцијал во општество отворено за мигрантите.