Предложено укинување на Ковид-сертификатите при влез во земјава – ќе останат да важат за влез во угостителски објекти

38

Комисијата за заразни болести денеска препорача да се укине задолжителното поседување сертификат за вакцинација или прележаност на КОВИД-19 за влез во земјава. Овие потврди ќе останат да важат за влез во угостителски објекти.

За оваа обврска при влез во ресторани и барови не е препорачано да биде укината зашто Комисијата смета дека не е добро да се укине сè одеднаш.

Постепеното укинување на мерките дава резултат и тоа се гледа по секојдневниот пад на бројките, вели д-р. Мехмедовиќ.

Новиот предлогот за влез во земјава без сертификат за вакцинација или прележаност треба да биде усвоен од Владата.

На седница вчера Владата ја одобри претходната порака на КЗБ – да се укине  мерката за задолжително носење заштитни маски во затворeни простории, освен во здравствени домови, аптеки, јавен превоз и во домовите за стари и установи за згрижување лица со посебни потреби.