Предните фарови на Ford ќе можат да проектираат улични знаци на патиштата (ВИДЕО)

71

Технологијата Head-up дисплеј им овозможува на возачите да гледаат низ шофершајбната додека и понатаму ја следат нивната брзина, навигациските раскрсници и други важни податоци. Но, најновата верзија на HUD технологијата на Ford ги проектира клучните информации не на парче стакло пред возачот, туку на патот напред.

Ford работи на нова генерација на LED фарови кои можат да даваат инструкции и да покажуваат ограничувања на брзината со нивно проектирање на површината на патот, пишува „Jutarnji“ Исто така, се тврди дека технологијата може да се користи за да им се помогне на оние надвор од автомобилот, како што се пешаците, со осветлување на пешачки премини или помагање на возачите да избегнуваат велосипедисти за да се осигураат дека автомобилот не поминува премногу блиску.


Други корисни информации што може да се емитуваат на патот вклучуваат временски податоци, како симбол на снегулка кога патиштата може да се замрзнати, податоци за сообраќајот и водичи кои ќе им помогнат на возачите да проценат дали просторот за паркирање е доволно голем пред да се обидат да го „пикнат“ својот автомобил.

„Она што започна како играње со светлото на проекторот и празен ѕид може да ги подигне технологиите за осветлување на сосема ново ниво. Возачот може да добие важни информации без да го тргне погледот од патот“, рече Ларс Јункер, претседател на софтвер во Ford Europe.