Предностите на емотивноста на брендот во дизајнот

40

apple

Фото: Pixabay

Јасно е дека во изминатата деценија светот се движи од индустриски придвижена економија во која што машините се херои кон економија која што е придвижена од луѓето и која што на тронот ги става потрошувачите. Една статија во Њујорк Тајмс вели дека „Во текот на последните педесет години, економската база се префрли од производство на потрошувачка. Гравитираше од сферата на рационалност во царството на желбата: од објективна кон субјективна; до сферата на психологијата.“ (Мушамп-Muschamp 1999 година)

Целта на брендирањето не е само присутноста и функциите; се работи за емотивно поврзување со луѓето во нивното секојдневие. Еден производ или услуга може да се класифицира како бренд само кога поттикнува емотивен дијалог со потрошувачот. (Гобе 2001 година)

Денес, повеќе од било кога, разбирањето на човечките емотивни потреби и желби е клучот за успех. Корпорациите мора да преземат конкретни чекори кон градење на посилни врски и односи, коишто ги сметаат нивните потрошувачи за партнери. Денес, индустријата треба да им ги донесе на луѓето производите коишто ги посакуваат, преку начини кои што се инспиративни и кои интимно одговараат на нивните потреби.

Емотивното брендирање се фокусира на најрелевантниот аспект од човечкиот карактер: желбата да се надмине материјалната сатисфакција и да се искуси емотивна исполнетост.  „Како што напредуваме кон економија која што се темели на личните односи, вредноста на дизајнот на производите за потрошувачите и малопродажните средини како сетилни искуства, повеќе од кога било досега ќе бара емоција, фантазија и визија.” (Гобе 2001 година.)

Дизајнот е најмоќниот израз на брендот и оние изрази кои што на крај ги оживуваат моќните идеи преку дизајнот се најдобриот начин за создавање на трајна врска помеѓу потрошувачот и компанијата. Дизајнот создава емоции, сетилни искуства и на крајот продажба. Топ брендовите веќе имаат создадено доживувања за повеќе сетила. Авиокомпанијата Singapore има договорено специјален парфем, јазик и изглед за нејзините женски стјуардеси, познати како девојките на Singapore, а Mercedes-Benz има формирано посебен оддел кој работи на звукот на вратите на неговите автомобили, за да се зголеми перцепцијата за висок квалитет. Кон крајот на 1990-те години, Daimler Chrysler воспостави целосно нов оддел во рамките на компанијата. Овој оддел не беше наменет да дизајнира, прави или да рекламира автомобили. Неговата работа беше единствено да работи на звукот на вратите на нивните автомобили. Тоа е тоа. Со тим од 10 инженери на кои им беше доделена задачата, единствена улога им беше да го анализираат и потоа да го создадат совршениот звук на отворање и затворање на врата. Со текот на годините, производителите на автомобили научија многу за тоа што е она што продава автомобили. А тоа не е она што ние мислиме дека е. Тоа не мора да биде дизајнот на колата или дури ни забрзувањето. Студиите покажуваат дека внатрешниот дизајн, вклучувајќи го и тоа како вратите се отвораат и затвораат, помага во одредувањето на изборот. Внатрешниот дизајн е крајно важен затоа што жените генерално посветуваат повеќе внимание на чувството што го буди внатрешноста, отколку на надворешните карактеристики. Па затоа, начинот на кој вратите се затвораат може да биде важен фактор во перцепцијата за квалитет. Daimler Chrysler го разбира ова.

Преку употреба на повеќе од едно сетило, овие брендови, помеѓу другите, можат да воспостават посилна врска со потрошувачот и да создадат долготрајна емотивна посветеност. Поентата на Линдстром (Линдстром 2004 година) е прилично очигледна за секој кој влегол во супермаркет со празен стомак и тргнал директно по мирисот на тазе печен леб, или бил намамен во снек барот во киното од мирисот на пуканки. Истражувањето на Линдстром открило дека „начинот на кој што луѓето ги користат своите сетила се разликува од маркет до маркет, и во поглед на сетилното првенство и во сетилната осетливост.“ (Линдстром 2004 година)

Сетилното брендирање, идејата дека брендовите треба да ги вклучат потрошувачите на разни допирни точки, не е нова. Потрошувачите сега веднаш знаат дека  гигантски жолт лак укажува на хамбургери, а специфичен тон на звонење им кажува дека престапникот е корисник на Nokia. А бонгот при стартувањето ни кажува дали корисникот свиткан над лаптопот го купил својот оперативен систем од Microsoft или од Apple.

Светлиот, свеж пролетен ден има некој посебен мирис. Производителите на парфеми се обидуваат да го флашираат ова чувство на обновување на животот, а продавачите ја користат емотивната врска со пролетта за продавање на нивните средства за перење садови, за чистење тоалети, шампони, сапуни, средства за чистење на прозори.

Скоро целото разбирање на светот се искусува преку сетилата. Сетилата се врски со меморијата и можат веднаш да се слеат во емоција. Обезбедувањето на потрошувачите со бренд искуство за повеќе сетила преку играње со петте сетила е клуч за постигнување на видот на незаборавен емотивен контакт со брендот кој што ќе создаде лојалност и ќе го утврди изборот на бренд.

Во прилог на овие сетилни доживувања кои што се споменати погоре, односот со потрошувачите, додавањето на имагинација во доживувањето на брендот и цврстата бренд визија се неопходни за емотивното брендирање. Имагинацијата при дизајнирањето на брендовите е клучната точка која што процесот на брендирање го прави реален. Имагинацијата му дозволува на брендот да ги допре срцата на потрошувачите преку имагинативни пристапи кон дизајнот на производи, амбалажа, продавници и реклами. Емотивните брендови ги менуваат животите на луѓето. Врската не е рационална. Таа е длабоко емотивна. Apple е омилен пример за емотивно брендирање.