Предупредување од Берлин: Царините на ЕУ за кинеските автомобили ќе ѝ наштетат на Германија

15

Потенцијалното воведување на дополнителни увозни давачки од ЕУ за електричните автомобили произведени во Кина може да ѝ наштети на Германија, предупреди министерот за транспорт на земјата.

„Германската економија зависи од отворените пазари“, рече Фолкер Визинг во интервју за Блумберг, додавајќи дека неговата земја треба да гарантира „еднакви пазарни услови“ за сите.

Германскиот министер за транспорт, исто така, во интервјуто рече дека го поддржува воведувањето на синтетичко гориво во широк спектар на индустрии, но дека не смета дека авијацијата и транспортната индустрија треба да имаат преференцијален пристап до ова гориво, кое се уште е достапно во ограничени количини.