Предупредување од Бафет: Не е готово, доаѓа нешто полошо

224

Ворен Бафет, американски милијардер и инвестициски гуру, во неодамнешно интервју за CNBC рекол дека доаѓа уште една пандемија, која би можела да биде полоша пандемијата на Kовид-19.

Уверен е дека и покрај тоа што пандемијата е совладана, светот не е подготвен да се носи со вонредната состојба. Уште повеќе го загрижуваат економските последици од ковид-19, кои најмногу ги погодиле малите претприемачи.

“Милион мали претприемачи се ужасно погодени“, рекол тој.

“Од друга страна, големите компании се прилично добро, што значи дека економското влијание е многу неизедначено“, додава Бафет.

Во март минатата година пандемијата затвори многу врати во економијата. Илјадници мали претпријатија беа принудно затворени. Во меѓувреме, трговците и големите онлајн продавници ги презедоа клиентите. 2020 година донесе најголем пад на американскиот БДП од 1946 година.

“Уште не е готово”, рекол Бафет.

Во главно го загрижува непредвидливоста, но иако ситуацијата, посебно на почетокот на пандемијата, била многу неизвесна, за повеќето луѓе и компании испаднала подобра од што се очекувало.

Добар пример е автомобилската индустрија која има рекордни профити. Чарли Мангер, потпретседател на Berkshire Hathaway и долгогодишен деловен партнер на Бафет, рече дека автомобилскиот сектор создаде успех што немаше да го постигне без пандемијата. Поради затворањето на фабриките и како последица на тоа глобалниот недостиг на полуспроводници, производителите на автомобили и дилерите остварија рекорден профит при повторното отворање, бидејќи продаваа автомобили дури и пред да дојдат до продавниците.

Славниот милијардер во едно интервју призна дека и самиот доживеал моменти на финансиска несигурност затоа што не знаел што ќе се случи со авиокомпаниите во негова сопственост.

Тој рече дека најголемата лекција што ја научил од оваа пандемија е колку е слабо подготвен светот за итни случаи.

“Сите знаеме дека постои нуклеарна, хемиска, биолошка и сајбер закана и дека општеството сè уште не е подготвено да се справи со тоа“, рече Бафет.

“Следува пандемија каква што сè уште не сме виделе досега“, заклучува тој.

Фото: Facebook