Предупредување од Централната банка на Русија: Не купувајте криптовалути

Руската централна банка предупреди дека инвестирањето во нестабилни дигитални валути може да доведе до “огромни“ загуби.

Руската централна банка ги предупреди инвеститорите да бидат внимателни со ризичните инвестиции.

Во интервју за весникот Komsomolskaya Pravda, Елвира Набиулина, гувернер на Централната банка на Русија, тврди дека вложувањето во било кој вид валута е секогаш ризично.

“Цените се многу непостојани, а загубите можат да бидат огромни“, рече гувернерот на руската банка.

Фото: Pixabay