Предупредување од УЈП: Не кликајте на сомничави линкови и не споделувајте банкарски податоци

Управата за јавни приходи (УЈП) упати итно предупредување до сите граѓани за појава на лажни СМС пораки кои содржат обид за  измама и злоупотреба на лични и финансиски податоци.
Во текот на денешниот ден до граѓаните пристигнуваат лажни SMS пораки во име на Управата за јавни приходи (УЈП), со следниот текст: „Потсетник на UJP: Статутот на вашата сметка за социјално осигурување е абнорамaлен. Препорачуваме да го решите проблемот што е можно поскоро“, заедно со приложен линк.
 Доколку ја добиете оваа порака, НЕ ГО ОТВОРАЈТЕ ЛИНКОТ и не внесувате лични, банкарски или други чувствителни податоци.
Станува збор за порака која може да биде обид за измама и злоупотреба на лични и финансиски податоци.
👉Ги повикуваме граѓаните сите информации поврзани со УЈП да ги проверуваат исклучиво преку официјалните канали на Управата за јавни приходи, односно официјалната веб-страница www.ujp.gov.mk, официјалните е-услуги и официјално објавените контакт-адреси и телефоски броеви.
📧 Официјална е-пошта:[email protected]
☎️ Инфо центар: 0800 33 000 (само од фиксни оператори) / 02 3253 200
🌐 Официјална веб-страница: www.ujp.gov.mk
❗ Не кликајте на линкови од сомнителниSMS пораки и не споделувајте лични или податоци од вашите банкарски сметки.
Споделете го ова известување со вашите блиски за да се спречат можни злоупотреби